Извештај за напредокот на Македонија за родова еднаквост за 2009 година
Мај, 2009
Здружението на граѓани Акција Здруженска и Здружението за
еманципација, солидарност и еднаквост на жените во РМ – ЕСЕ подготвија
Извештај за напредокот на Македонија за родова еднаквост за 2009 година
како свој придонес кон процесот на подготовка на Извештајот на ЕК за
напредокот на Република Македонија во 2009 година.
Овој извештај претставува резиме на напредокот постигнат во
сферата на родова еднаквост во Република Македонија.
Важно е да се нагласи фактот дека ова е прва година на
зголемен интерес за напредокот во областа на родовата еднаквост и женските права
проследен со пообемни консултации на ЕК со женскиот дел на граѓанското
општество.
Податоците и информациите кои се даваат во овој извештај ја
следат структурата на претходните извештаи за напредокот.