На покана на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените при локалната
самоуправа на Општина Битола, Акција Здруженска ја промовираше публикацијата
„Водич во
феминистичката и родовата терминологија” пред медиумите.
Целта на промоцијата беше медиумите да се запознаат со значењето на термините
кои се употребуваат во тековната феминистичка теорија и теоретските практики
употребувани во разните форми на активизми и политики од областа на родовата
еднаквост.