Здружението на граѓани Акција Здруженска во рамките на активностите насочени
кон интегрирањето на прашањето на родовата еднаквост во политиките и плановите
за развој на локалните заедници, организираше работилница со преставници/чки на
општинита на Свети Николе.
На средбата беа истакнати законските обврски на Комисиите за еднакви можности
кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на мажите и жените како и
казнените одредби кои следуваат за нивно неисполнување.
Потоа беа презентирани 7-те клучни претпоставки за интегрирање на родовата
еднаквост во политиките, а советниците ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат
во секојдневната работа во рамките на КЕМ и ЕЛС, и беа дадени инструкциите за
тоа како треба да функционира Комисијата.