Здружението на граѓани Акција Здруженска во рамките на
активностите насочени кон интегрирањето на прашањето на родовата еднаквост во
политиките и плановите за развој на локалните заедници, организираше работилници
со преставници/чки на општините.
Општина Битола
еднодневна работилница со Комисијата за еднакви
можности ( КЕМ ) – предлог насока за елементите кои би требало да ги
содржи една програма на КЕМ
дводневна работилница со преставници/чки на КЕМ,
Советот на Општина Битола и администрацијата – Комуникација,
аргументација и дебата
Општина Свети Николе
еднодневна работилница со Комисијата за еднакви
можности ( КЕМ ) и претставници/чки на Советот на Општина Свети Николе –
предлог насока за елементите што би требало да ги содржи една програма
на КЕМ.