Во рамките на проектот “Воспоставување унифицирани и позитивни практики во борба против семејното насилство во Р. Македонија” инициран од страна на Здружението на граѓани „Акција Здруженска” и ЕСЕ-Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р. Македонија, на 23 и 24.06.2006 година организираа работна средба во Хотел Белви, Охрид. На оваа средба учествуваа претставници од Министерство за труд и социјална политика, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство и граѓански судии.
Ова е прва од шестте работни средби кои се дел од активностите во насока на унифицирање на граѓанско-правниот систем, преку развивање на внатрешни процедури за предлагање, изрекување, спроведување и следење на привремените мерки за заштита.
Целта на работната средба беше изготвување на прашалници наменети за Центрите за социјална работа и основните судови, со цел прибирање на податоци за бројот и типот на досега предложените и изречените мерки за заштита од семејно насилство. Прашалникот воедно ќе послужи за идентификување и анализа на проблемите кои се појавуваат во праксата во однос на истите.
Фотогалерија