Развој и поддршка на иницијативи на активистките од локални заедници е пилот програма развиена со цел да ги мобилизира и поддржи активистките од локалните заедници во развивање и имплементација на иницијативи кои ќе резултираат со промени на локалните политики во однос на специфични проблеми кои се однесуваат на статусот на жената во заедницата. Цели на програмата: Јакнење на капацитетите и зголемување на соработката помеѓу активистки од локални заедници; Родова сензибилизација на други релевантни организации, институции, поединци; Интезивирање на дијалог и соработка за прашањата поврзани со родовата еднаквост и Размена на информации и искуства помеѓу активистки од различни заедници Клучни активности: Заеднички работилници/ обуки со активистките од локалните заедници структурирани на начин кој им овозможува на активистките да идентификуваат приоритети за делување во согласност со локалните потреби, надградба на нивните знаења и вештини, планирање на иницијативите, следење на постигнатите резултати и размена на информации и искуства. Редовни работни состаноци на активистките од локалните заедници кои се во функција на тековно меѓусебно информирање и подетално планирање на активностите на локално ниво Јавни настани со учество на активистките и претставници на локалната самоуправа, невладини организации, други релевантни институции во функција на подобрување на соработката, отворање на прашањето за потребата од вклучување на родовите прашања во креирањето на локалните политики, промовирање на родовата рамноправност и идентификување можни начини за решавање на ова прашање со заедничка акција и со поделба на одговорноста помеѓу сите засегнати страни во заедницата. Прибирање податоци во функција на идентификување на состојбата во однос на родовата рамноправност како и создавање поволна основа за идентификување на потребите и областите за делување на локалните власти. Обуки наменети за претставниците на локалните власти со цел родова сензибилизација како и подобрување на соработката во насока на заедничко делување за постигнување на родова рамноправност.