• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените во претпристапната помош на Европската комисија за Македонија

декември 10, 2008
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Европската унија (ЕУ) се залага за промовирање на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените надвор од нејзините граници. Како што е наведено во „2006-2010 Мапа за еднаквост меѓу жените и мажите“, „родовата еднаквост е цел самата за себе, човеково право и придонесува за намалување на сиромаштијата”. ЕУ е клучниот актер во меѓународните напори за развој и ги почитува меѓународно признатите принципи, како што се Милениумската декларација за развој и Пекингшката платформа за акција. ЕУ ја реафирмира родовата еднаквост како еден од петте клучни принципи на развојната политика во Европскиот консензус за развој. Иако различните нивоа на заложба на ЕУ им дава можности на трети земји да ја надминат родовата нееднаквост на домашно тло, сепак постојат предизвици при ефектуирањето на ваквите заложби. Организациите на граѓанското општество укажуваат на јаз меѓу политиката и практиката: прегледот на годишната програма на Европската комисија, програмите за законодавството и документите на политичката стратегија откриваат ограничена интеграција на прашањата кои ја засегаат родовата еднаквост. Покрај тоа, на учеството на организации од граѓанското општество и, главно, женски групи во дискусиите и формулациите на политиката му недостасува јасен механизам, наспроти обврската на институциите на ЕУ да го поддржуваат политичкиот дијалог со нив. Како активен промотор на родовата еднаквост, Меѓународната мрежа за родова политика (ММРП) планира да се ангажира во дијалог со делегациите на Комисијата во земјите од Источна Европа, Југоисточна Европа, Кавказ и Централна Азија за претстојната ревизија на документите на земјите и на регионалната стратегија (стратешки документи на земјата, документи за регионалната стратегија, документи за повеќегодишно индикативно планирање). ММРП ја искористи можноста за среднорочен и долгорочен преглед на документите на земјата/регионалната стратегија со цел да ги истакне слабостите во соработката за развој и во претпристапната помош во поглед на родовите проблеми и да се заложи за нивно подобрување. Во рамките на оваа промотивна активност, ММРП подготви дваесет и две Карти за застапување за поединечни земји поврзани со ММРП и една заедничка Регионална карта за застапување. Целта на овие промотивни активности е да се потсетат европските и националните претставници на нивните политички заложби. Картата за застапување на Европската комисија за помош на Македонија пред приемот во ЕУ, прво, обезбедува преглед на заложбите на ЕУ за родова еднаквост и зајакнување на жените. Второ, стратешкиот документ за Македонија се проучува во контекст на заложбите на ЕУ за родова еднаковост. Потоа се презентира оценка на родовите прашања во помошта на Европската комисија за Македонија и се даваат препораки на актерите инволвирани до различен степен во подготовката на стратешкиот документ: претставници на ЕУ, националната влада и организациите на граѓанското општество.

Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените во претпристапната помош на Европската комисија за Македонија

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021
  • ПРОЕКТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 3“ јули 9, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk