Во просториите на ЕЛС
17 март 2010, 12 часот
Здружението на граѓани Акција Здруженска во соработка со Општина Битола и ЖГИ „Клеа”, организираше семинар на тема: „Кон поефективно спроведување на Законот за еднакви можности за жените и мажите во Општина Битола„, кој се одржа на 17 март 2010 (среда) во 12 часот во просториите на ЕЛС.
Целта на овој семинар беше да се отвори дискусија во однос на специфичната улога и надлежност на секоја од релевантните структури на локалната власт, женскиот активизам и останатите организации/институции во Општина Битола во спроведувањето на Законот за еднакви можности за жените и мажите.
Воедно, семинарот претставуваше можност за меѓусебно информирање на учесниците за плановите и приоритетните активности од страна на релевантните актери во Општината и модалитетите на соработка во насока на остварување на целите на Законот.
Како основа за дикусија, на семинарот беа презентирани наодите од анализата Мониторинг на примената на Законот за еднакви можности на жените и мажите во рамките на локалната самоуправа во Република Македонија, спроведена од страна на Акција Здруженска во 2008 година со цел да се обезбедат релевантни информации за тоа колку и како се спроведува Законот од страна на надлежните актери во единиците на локалната самоуправа и да се развијат насоки за негова поуспешна имплементација.