Здружението на граѓани Акција Здруженска во рамките на своите програмски
активности во насока на интегрирање на прашањето на родовата еднаквост во
политиките и плановите за развој на локалните заедници, организираше еднодневен
семинар, „Родовата еднаквост во Локалните самоуправи: искуства и практики„
кој се одржa на 27 јуни 2007 година во Хотел Континентал, Скопје.
Целта на семинарот беше размена на искуства помеѓу девет
општини (Куманово, Битола, Дебар, Штип, Градско, Лозово, Виница, Свети Николе и
Чашка) опфатени со активностите за зајакнување на капацитетите на локалните
власти за унапредување на родовата еднаквост спроведени во текот на 2006 и 2007
година.
Фотогалерија: