Темата на овој аналитички осврт е концептот на стигмата, стигматизацијата во дискурсот на анализите и пристапите кон овој феномен во контекст на
ХИВ/СИДА. Прашањето на стигматизацијата во ХИВ/СИДА контекстите е од особена важност затоа што, според одредени стојалишта, стигматизацијата, и дискриминацијата како нејзин резултат, преставуваат структурирани чинители во ХИВ епидемијата. Ние би додале дека социјалното исклучување е краен исход на стигмата и дискриминацијата на лицата кои општеството ги поврзува со ширењето на ХИВ: исклучување на оние кои се изложени на ХИВ трансмисијата, лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, но и на оние кои се обидуваат да им помогнат.
Четвртиот аналитички осврт „Стигматизацијата и социјалното исклучување во ХИВ/СИДА контекст: потреба од нови приоди?“ е објавен во декември 2011, истиот е овозможен во рамките на програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.
Стигматизацијата и родовото исклучување во ХИВ/СИДА контекст: потреба од нови приоди?