Практична примена на стекнатите вештини преку спероведување на четири
работилници
Тимот на млади обучувачки во текот на месец ноември, декември
2008 и јануари 2009 спроведе три еднодневни и една дводневна работилница при што
тие имаа можност да направат избор на темата, да идентификуваат учеснички,
детално да ја дизајнираат содржината и да да ги спроведат работилниците под
менторство и поддршка на членки од тимот обучувачки на Акција Здруженска.
Вкупно 44 млади Ромки земаа учество на овие четири работилници што е солиден
број и е во насока на подигање на свеста на младите Ромки и зајакнување на
женскиот активизам со цел подобрување на статусот на жената Ромка.
По завршување на секоја од работилниците се даваше посебна
повратна информација од страна на обучувачките кон секоја од учесничките.
Повратната информација се однесуваше на нивниот напредок, нивните пропусти на
кои треба да поработат и на презентациските вештини.
При испорака на содржините на четирите работилници се
користеше метод на интеракција, презентација и работа во групи.
Следуваат темите и целите на спроведените обуки:
Тим 1 – „Дискриминација/Права на жените”-15.11.2008
Цели:
– Запознавање со поимот на дискриминација и
областите во кои жената е најдискриминирана
– Запознавање со женските права во контекст на човековите
права и клучните документи за заштита на женските права
Тим 2 – „Rod i rodova ednakvost”-22.11.2008
Цели:
– Zapoznavawe so poimot rod i pol
– Zapoznavawe so konceptot rodova ednakvost i neednakvost
– Запознавање со улогата и местото на жената Ромка во општеството
Тим 3 – Тема: „ Rod i rodova ednakvost”-20.12.2008
Цели:
– Запознавање со родовиот концепт
– Подигање на свеста за родовата нееднаквост
Дводневна работилница „Род и родова еднаквост” 31.01-01.02.2009
Цели:
– Разбирање на процесот во кој се развива родовиот идентитет
– Последиците од нееднаквата распределба на моќта во општеството
– Запознавање со концептот на женски човекови права во контекст на човекови
права
– Запознавање со статусот и улогата на жената во општеството, особено на
Ромките
Фотогалерија: