Здружението на граѓани „Акција Здруженска” и Здружението за еманципација,
солидарност и еднаквост на жените на Р.Македонија – ЕСЕ, од 04-07.02.2007 година
во Скопје, организираат Трета работна средба за претставници од Центрите за
социјална работа и невладини организации кои обезбедуваат директни услуги за
жртви на семејното насилство.
Ова е трета од серијата работни средби предвидени во рамките на проектот
“Воспоставување унифицирани и позитивни практики за справување со семејното
насилство во Македонија”, како дел од активностите во насока на стандардизирање
на директните услуги за жртвите на семејно насилство.
Целта на работните средби е изготвување на заеднички стандарди за
поквалитетно обезбедување на услугите за жртвите на семејно насилство,
предвидени во Законот за семејство. Подготвените стандарди ќе бидат прифатени во
согласност со стандардите предвидени во Законот за социјална заштита и ќе бидат
дел од мандатот на сите обезбедувачи на социјални услуги на територијата на
Република Македонија.
Фотогалерија