Тридневната обука “Управување” е наменета за претставнички/ци од НВО кои се активни и имаат спроведено проектни активности. Целта на програмата за обука е да ги зголеми знаењата и вештините на учесничките/ците за воспоставување демократски и транспарентен модел за управување со организацијата. Обуката ги опфаќа следните теми: Вовед во управување (дефинирање, функција, кој, со што се управува); Тимска работа; Комуникации (активно слушање, повратна информација); Донесување одлуки; Лидерство/Раководење (разлика меѓу лидерство и раководење, стилови на раководење, фази во развој на лидер/ка); Организациска култура (основни типови, начини на дефинирање, фактори на влијание); Организациска структура (видови, органи, функции и меѓусебен однос, принципи на демократска структура); Персонал и волонтери (како да се привлечат, мотивираат и задржат); Организирање и одржување ефективни состаноци.