Овој Водич за постапување на професионалните структури при заштита од семејно насилство казненоправниот систем е наменет за професионалците од формалниот и неформалниот систем за заштита од семејно насилство, со цел да обезбеди насоки за поадекватно спроведување на мерките за заштита од семејно насилство предвидени во граѓанското и казненото законодавство.
Водичот за постапување на професионалните структури при заштита од семејно насилствово во казненоправниот систем претставува прв обид на едно место да се најдат содржини кои ќе ги опфатат теоретските концепти, решенијата кои се однесуваат на заштитата од семејно насилство во македонското граѓанско и казненото законодавство, како и насоките за нивна практична примена.