• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Водич за постапување на професионалните структури при заштита од семејно насилство

јуни 26, 2008
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Овој Водич за постапување на професионалните структури при заштита од семејно насилство е наменет за професионалците од формалниот и неформалниот систем за заштита од семејно насилство, со цел да обезбеди насоки за поадекватно спроведување на мерките за заштита од семејно насилство предвидени во граѓанското законодавство.   Водичот за постапување на професионалните структури при заштита од семејно насилство претставува прв обид на едно место да се најдат содржини кои ќе ги опфатат теоретските концепти, решенијата кои се однесуваат на заштитата од семејно насилство во македонското граѓанско законодавство, како и насоките за нивна практична примена. Тој е конципиран на начин кој ќе овозможи поголемо разбирање за феноменот на семејното насилство и потребата од содветен приод кон овие исклучително сензитивни случаи, како и зголемено информирање за целта, структурата, карактеристиките и улогата на одделните системи за заштита од семејно насилство во Република Македонија. Воедно, тој вклучува содржини кои ги опфаќаат постапките и стандардите предложени од практичарите заради соодветно спроведување на мерките за заштита на жртвите од семејно насилство предвидени во граѓанското законодавство. Водичот се темели на согледувањата и препораките на голем број практичари кои учествуваа во проектот Воспоставување унифицирани и позитивни практики за справување со семејното насилство во РМ, спроведен од АЗ и ЕСЕ, како дел од напорите во градењето на лесно достапен, ефикасен и квалитетен систем на заштита на жртвите од семејно насилство во Република Македонија. Во 2005 година, следејќи го воведувањето на законските решенија за семејното насилство, овие две организации воспоставија формална соработка со МТСП, МВР и граѓански организации кои обезбедуваат директни услуги за жртвите од семејно насилство и започнаа процес на транспонирање на одредбите предвидени во Законот за семејство и Кривичниот законик во унифицирани постапки и координација на релевантните професионалци во случаите на семејно насилство. Оваа иницијатива, прва од ваков вид, имаше цел да помогне во решавањето на три клучни недостатоци на системот за заштита од семејно насилство: Отсуство на подзаконски прописи за секое од надлежните министерства кои ќе обезбедат задолжителна и ефикасна примена на законските одредби; Недостаток на соработка и координација во постапувањето на надлежните институции неопходна за спречување на дополнителната виктимизација на жртвите и олеснување на пристапот до навремена и соодветна заштита; Отсуство на стандардни услови и критериуми за обезбедување на услугите од страна на формалниот и неформалниот систем за заштита на жртвите.   Во периодот 2005-2007 година беа спроведени анализи со цел да се обезбеди информација за институционалниот одговор кон семејното насилство во однос на видот, обемот и начинот на обезбедување на мерките за заштита од една страна, како и во однос на обемот на предложените и изречените привремени мерки за заштита од семејно насилство, од друга. Воедно, беа организирани серија средби на работни групи составени од назначени претставници од надлежните министерства, центрите за социјална работа, судовите и граѓански организации кои обезбедуваат услуги за жртвите од семејно насилство. Овие работни средби беа можност да се обезбеди широк опфат на различни професионални групи во процес на дијалог во развивање на систем ориентиран кон потребите на жртвата, размена на позитивните и негативните практични искуства и различните видувања на проблемите во системот во зависност од мандатот и надлежностите, согледување на поединечната и заедничката одговорност за успешно функционирање на системот и активно учество на практичарите во обликувањето на процедурите по кои ќе постапуваат. Наодите од спроведените анализи и дискусиите и препораките на професионалците задолжени за постапување ја дадоа основата за изработка на нацрти на внатрешните процедури за постапување на МВР, МТСП и граѓански организации, кои обезбедуваат услуги, нацрт на процедурите за предлагање, изрекување, извршување и следење на привремените мерки за заштита, и предлозите за измена и дополнување на Законот за семејство. Голем дел од резултатите од овој процес послужија и како основа за утврдување на стратешките насоки и приоритетите при изработката на Национална стратегија за заштита од семејно насилство, усвоена во април 2008 година.     Се надеваме дека Водичот за постапување на професионалните структури при заштита од семејно насилство ќе го најде своето место во секојдневното работење на професионалците, а неговата практична примена ќе придонесе за соодветно, навремено и координирано постапување. Имајќи ги предвид потребите од понатамошно континуирано унапредување на политиките, законодавството и практиката во оваа сфера, уверени сме дека истиот ќе биде дополнуван и унапредуван. Во оваа прилика им изразуваме благодарност за придонесот на професионалците – практичари кои со своето искуство и отворен и посветен пристап помогнаа во процесот на унапредување на заштитата од семејно насилство во РМ.

Водич за постапување на професионалните структури при заштита од семејно насилство

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk