• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Воспоставување позитивни практики за справување со семејното насилство во Македонија

декември 01, 2005
by Сузана Гроздановска
0 Comment

Целта на проектот, кој се спроведува во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р. Македонија- ЕСЕ е да придонесе во воспоставувањето на лесно пристапен и ефикасен координиран систем за заштита на жртвите од семејно насилство во Македонија, преку промовирање специфични политики и процедури за интервенција кај актерите вклучени во граѓанскиот и кривичниот систем за заштита како и воспоставување стандарди за постапување кај НВО/ институциите кои обезбедуваат директни услуги за жртвите од семејно насилство. Специфични цели: Воспоставување процедури и протоколи за постапување на професионални групи и стандарди за НВО во случаи на семејно насилство; Зголемување на свеста и надградба на вештините помеѓу професионалните групи и НВО за соодветна интервенција во случај на семејно насилство; Стимулирање на релевантните засегнати страни во развивањето концепт за мултидисциплинарен приод и систем за упатување на жртвите од семејно насилство. Клучни активности: Подготовка на внатрешни процедури и протоколи за постапување кај полицијата, НВО, социјалните и здравствените работници; Подготовка на процедури и протоколи за предлагање, изрекување, следење и известување по привремените мерки за заштита на институциите вклучени во граѓанскиот систем за заштита од семејно насилство; Подготовка на стандарди за оперирање на институциите/ организациите кои обезбедуваат директни услуги на жртвите од семејно насилство; Подготовка на процедури и протоколи за унифициран пристап на институциите вклучени во кривично- правниот систем за заштита од семејно насилство. За реализација на проектот е воспоставено формално партнерство со Министерството за труд и социјална политика на РМ и Министерството за внатрешни работи на РМ, а воспоставена е соработка и со Министерството за здравство на РМ. Во подготовката на процедурите учествуваат експертски групи во кои членуваат претставници од институциите од релевантните министерства како и претставници од три НВО кои континуирано обезбедуваат директни услуги за жртвите од семејно насилство: Националната СОС линија за жртви на семејно насилство при ОЖС, Шелтер центарот и Кризниот центар “Надеж”.  

About the Author

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk