Во рамките на проектот “Воспоставување унифицирани и позитивни практики во борба против семејното насилство”, Здружението на граѓани Акција Здруженска – Скопје и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ во периодот 13– 16.04.2006, во Крушево организираа воведна обука за претставници од Министерство за труд и социјална политика, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство и граѓански судии. На воведната обука учесниците имаа прилика да се запознаат со целите и клучните проектни активности. Целта на воведната обука беше учесниците од работната група да се запознаат со феноменот на семејно насилство, последиците од семејно насилство, кривичното и граѓанското регулирање на проблемот на семејното насилство, како и да се информираат за веќе изготвените внатрешни процедури и протоколи за постапување на МВР, МТСП и клучни НВО-и кои обезбедуваат услуги за жртвите на семејно насилство. Фотогалерија