Во рамките на проектот “Воспоставување унифицирани и позитивни практики во борба против семејното насилство во Р. Македонија”, Здружението на граѓани Акција Здруженска – Скопје и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ во периодот од 22-25.06.2006 во Охрид организираа воведна обука за претставници од Министерство за внатрешни работи, Јавни обвинители, истражни и кривични судии. Оваа воведна обука е дел од активностите во насока на унифицирање на кривично-правниот систем. Целта на воведната обука беше учесниците од работната група да се запознаат со феноменот на семејно насилство, последиците од семејно насилство, кривичното и граѓанското регулирање на проблемот на семејното насилство, како и да се информираат за веќе изготвените внатрешни процедури и протоколи за постапување на МВР.
Фотогалерија: