За нас

Акција Здруженска е непрофитна организација формирана во јули 2004 година во рамките на стратешката трансформација на Женската програма на Фондацијата Отворено Општество – Македонија. Работата на организацијата се заснова на екстензивно искуство здобиено во процесите на изработка и спроведување на програми за унапредување на родовата еднаквост и правата на жените.

Мисијата на Акција Здруженска e да придонесе кон унапредувањето на родовата еднаквост преку застапување за развој и примена на јавните политики за постигнување на еднакви можности за жените и мажите, социјална инклузија и почитување правата на жените. Основната определба на организацијата е да ги јакне знаењата, вештините и способноста за идентификување и одговор на специфичните потреби во Македонија во поглед на родовата нееднаквост.

Основачите и членовите на Акција Здруженска се активистки со широки познавања за женскиот НВО сектор и  развиени капацитети и вештини во идентификувањето на специфичните потреби за негово равивање во влиателно движење. Тие доаѓаат од различни сфери на живото и различна етничка припадност и служат како клучен ресурс на Акција Здруженска за имплементирање на активностите на локално ниво.

Акција Здруженска и нејзинот членство имаат усвоено и се водат според принципите како што се: професионалност, одговорност, солидарност, еднакви можности, транспарентност и соработка.

 

ГЛАВНИ ЦЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА: 

  • Промовирање на културата на родова еднаквост и не-дискриминацијата;
  • Промовирање на одговорно, транспарентно и отчетно владеење на полето на родовата еднаквост и правата на жените;
  • Зајакнување и поддршка на женскиот активизам;
  • Градење на капацитети и интензивирање на јавниата дебата, дијалог и соработка за прашањата поврзани со родовата еднаквост и правта на жените.

Клучните активности на организацијата имаат за цел да овозможат воведување и целосно спроведување на соодветни правни рамки за родова еднаквост и заштита на правата на жените; и да се зајакнат женските активистки во нивните барања за отчет од власта.

  • Прибирање на податоци, спроведување, имплементирање и публикување на родови анализи и истражувања;
  • Развивање и испорака на програми за обуки, консултации и обезбедување на информации;
  • Објавување на билтени, брошури и други типови литература, кои се однесуваат на родовите прашања и правата на жените;
  • Организирање на јавни настани и кампањи;
  • Соработка со други релевантни национални и меѓународни организации и институции.  

 

ИЗЈАВА НА ПОТРЕБИ ЗА РАБОТАТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА 

Акција Здруженска го пополнува просторот помеѓу локалниот активизам, кој се соочува со недостаток на капацитети и екпертиза, и академската заедница, која се осврнува на родовото прашање само на ниво на теоретски концепти без да навлегува во секојдневната реалност и реализацијата на овие концепти во пракса. 

 

ГЛАВНИ ЦЕЛНИ ГРУПИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Локалната и централната власт

Женските активистки, особено оние кои се активно на ниво на локалните заедници

Домашните и меѓународните невладини организации за човекови права

Академската заедница

Претставниците на меѓународната заедница во Македонија

 

ОПШТ ПРЕГЛЕД НА ПРЕТХОДНАТА РАБОТА 

Во изминативе 10 години, организацијата успеа да се позиционира меѓу водечките граѓански организации во Македонија за промовирање на родовата еднаквост, како резултат на значајните напори за: Континуирано зајакнување и поддршка на женскиот активизам, особено на ниво на локалната заедница со цел да се зголемат знаењата и вештините на жените активистки за да вршат влијание врз донесувањето на институционални решенија за проблемите кои се однесуваат на родовата нееднаквост во нивните заедници; Изработка на студии, анализи на состојби и препораки за подобрување на политиките кои се однесуваат на родовата еднаквост и човековите права на жените на локално и национално ниво со цел да се надмине недостатокот на аналитички податоци и да се развијат и обезбедат алатки за имплементација и застапување  за позитивни промени во политиките, законите и практиките во овие области; Зголемување на родовата свесност и капацитетите на релевантните институции/организации (НВО, претставниците на локалната власт, претставниците на јавните институции и пошироката јавност) и интензивирање на дијалогот и соработката за родовите прашања меѓу женските групи и други релевантни чинители; Развивање на соработка на партнерска основа со релевантни институции за воспоставување на механизми и практики за поефективна имплементација на постојните закони; Учество во регионални и глобални иницијативи на женскиот активизам со цел да се овозможи поврзување, размена на информации и искуства и дискутирање за можни стратегии за унапредување на женските човекови права и родовата еднаквост.

Партиципативниот пристап и континуираната инволвираност на целните групи во планирањето и спроведувањето на активностите придонесоа за воспоставување на тесни врски, соработка и партнерство со локалните женски активистки и со релевантните НВО активни на национално и меѓународно ниво, како и со релевантните институции на локално и национално ниво.

Организацијата имплементираше различни програми за јакнење на капацитетите со локалните активистки и општинските власти; го анализираше родовиот аспект на процесот на децентрализација, го мониторираше процесот на приближување кон ЕУ преку анализа до кој степен соодветствуваат законите и практиките со директивите за еднакви можности на жените и мажите, изработи проценка на имплементацијата на одредбите за семејно насилство пропишани со Законот за семејство и Кривичниот законик, лобираше за законски измени и разви протоколиза актерите на системот за заштита од семејно насилство, итн. Покрај тоа, континуирано го следеше напредокот во изработката и спроведувањето на конкретни закони и политики за родова еднаквост на централно и локално ниво, и врз основа на добиените наоди, успешно лобираше за интегрирање на предлози од областа на законодавството и политиките во Законот за еднакви можности на жените и мажите, Стратегијата и Акциониот план за родова еднаквост.