Членство во мрежи

Меѓународната мрежа за родови политики

Акција Здруженска е една од основачките организации и полноправна членка на Меѓународната мрежа за родови политики (IGPN – http://igpn.net/) која е непрофитна, невладина мрежа на организации, основана со цел да промовира родов еднави и родово сензитивни јавни политики на сите нивоа на глобалното општество. Членките на мрежата дејствуваат во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа, Кавказот и Централна Азија, застапувајќи го воведувањето на женските права во јавните политики на национално, регионално и глобално ниво и потполна примена на социјалните, економските и културните права на жените.
http://igpn.net

Платформата за родова еднаквост

Акција Здруженска е една од основачките организации и полноправна членка на Платформата за родова еднаквост која е независна и неформална мрежа на македонски невладини организации, претставници и претставнички на граѓанското општество и
индивидуи кои се посветени на градење на родово еднакво општество. Платформата за родова еднаквост е прогресивно јадро што ја промовира родовата еднаквост како вредност, здружено дејствува, проактивно влијае врз центрите на моќ и
општеството и се залага за заштита на правото на избор. Таа обезбедува гласност, лидерство и единство во заедничкото дејствување кон остварување на родовата еднаквост во општеството, врз основа на солидарност, еднаквост, партиципативност, транспарентност, доброволност, одговорност и отчетност.http://rodovaplatforma.mk/

Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата

Во националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата членуваат организации и индивидуалци кои работат на промоција и подобрување на правата на ЛГБТИ заедницата или ја поддржуваат ЛГБТИ заедницата во борбата за своите права.