Мисија

АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА се занимава со унапредување на родовата еднаквост преку застапување за развој и примена на јавни политики за постигнување еднакви можности за жените и мажите, социјална инклузија и почитување на правата на жените. Основна определба на организацијата е да ги јакне знаењата, вештините и способноста за идентификување и одговор на специфичните потреби на Македонија во поглед на родовата нееднаквост.
АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА ја промовира културата на родова еднаквост и недискриминација; промовира одговорно, транспарентно и отчетно владеење на полето на родовата еднаквост и правата на жените; го зајакнува и поддржува женскиот активизам и гради капацитети и интензивира јавни дебати, дијалози и соработка за прашањата поврзани со родовата еднаквост и правата на жените.