Акција Здруженска го најавува почетокот на кампањата за одбележување на
МЕСЕЦ на правата на македонските жени, наместо 8 март како ДЕН кога ова
прашање привлекува некакво внимание во јавноста, на 8 март, 2013, во 12 часот
фоаје на Кино Фросина, Младински културен центар Скопје
Неправдата и дискриминацијата врз жените не се случува само
еден ден ! е клучната порака на оваа кампања.
Целта на кампањата е да ја „просветли“ јавноста за
последиците од сеприсутниот, длабоко вкоренет патријархат, ограничените избори,
безгласноста и невидливоста на жените, родово слепите политики и политичките
гести во вид на хартиени права за кои не се издвојуваат ресурси. Тие се тука
повеќе од еден ден, постојано, и мора да престанат.
На настанот ќе биде претставен и дистрибуиран дел од
материјалите од кампањата.
Кампањата е дел од активностите на проектот на Акција
Здруженска „Отчетен институционален одговор – претпоставка за родова
еднаквост во РМ“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество,
спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија.