Проектот „Активни жени отчетни власти 2“ финансиски поддржан од Фондацијата Kvinna Till Kvinna се спроведува во текот на 2019 и 2020 година како продолжение на пилот фазата реализирана во 2018 година. Проектните активности се во насока на зголемување на влијанието на жените во процесите на планирање на локални политики и донесување одлуки. Проектот го реализира Акција Здруженска во соработка со локалните женски организации: Граѓанска иницијатива на жени – Свети Николе, Асоцијација за унапредувње на статусот на жената „Женска Акција„ – Радовиш, Организација на жени – Струмица, Женска граѓанска иницијатива „Клеа“ – Битола, Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово и Здружение „Радика Де“ – Дебар.