Проектот „Активни жени отчетни власти“ е финансиски поддржан од Фондацијата Жена за жена и се реализација во периодот мај-декември 2018. Проектните активности се насочени кон: Зајакнување на жените за активно учество во процеси на планирање и донесување на одлуки на локално ниво; Зајакнување на капацитетите на локалните женски организации за граѓанска мобилизација на жените од заедницата и застапување на нивните интереси кај локалните власти и Мониторинг и проценка на ефикасноста во спроведување на законските и политичките обврски за унапредување на родовата еднаквост врз Парламентот, Владата и локалната самоуправа во функција на национално и локално застапување.