Акција Здруженска учествување на две студиски посети во Косово организирани во рамки на проектите поддржани преку проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, финансиран од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, а спроведуван од Акција Здруженска – Скопје и Институт за развој на заедницата – Тетово.
Првата студиска посета на 25.05.2016 во Призрен беше организирана од Женски Форум од Тетово во рамки на проектот „Со економско зајaкнување кон родова еднаквост“. Во текот на еднодневната посета беше остварена посета на партнерското Здружение на занаетчии и бизнисмени – Призрен и посета на Здужението Центар за советување и поддршка на жени Dora Dorës – Призрен, партнер на Акција Здруженска.
Втората студиска посета на 05.06.2016 во Каменица беше организирана од Центар за женски права Етика од Гостивар во рамки на проектот „Локален активизам за унапредување на родовата рамноправност и вклучување на младите во процесот на одлучување“ при што во текот на еднодневната средба беше остварена средба со партнерската организација „Фортеса“-Каменица.
Целта на посетите беше размена на искуства, градење мрежи и информирање за тековните активности меѓу партнерските организации, како и дискусија за можните форми на континуирано вмрежено дејствување. Во текот на средбите беа договорени и повратни средби на косовските партнери во Тетово и Гостивар.