Во Скопје на 22 декември, 2016 година во рамки на проектот „ Развој на стратегии за зголемено учество на жените на локално ниво “ беше организирана воведна средба на која беа поканети 15 претставнички/ци на 9 ГО.
На средбата беа претставени проектот, неговата цел и активности, исто како и улогата и очекувањата од локалните граѓански организации. Врз основа на оваа средба и дискусијата која произлезе, беа одбрани следниве организации да учествуваат во активностите на проектот: Една може, ГИЖ Св. Николе, Женски форум Тетово, Радика Де, ОЖ Струмица, СОЖМ, Центар за образование и развој, ЕХО и Клеа. кои работат на следните локации: Скопје (Град Скопје, Аеродром, Ѓорче Петров), Свети Николе, Тетово, Маврово-Ростуше, Струмица, Боговиње, Штип и Битола.