Македонска делегација од 15 претставнички од национални женски мрежи, локални граѓански организации и локални власти, предводена од Акција Здруженска, учествуваше на помоцијата на проектот Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“ , организиран во Приштина.
Домаќин на промотивниот настан организиран на 27.05.2015 година во Хотел Swiss Diamond во Приштина, беше партнерската организација Косовскиот центар за родови студии – Приштина.
Од македонската делегација на средбата воведни обраќања имаа Марија Савовска Извршна директорка на Акција Здруженска, која го потенцира значењето на Проектот за надминување на предизвиците на овој план во Полошкиот регион, потенцирајќи ја важноста од промовирање на родовата еднаквост како вредност, а не како обврска во дејствувањето на сите општествени чинители, како и Џане Крешова Претседателка на Женски Форум од Тетово која се осврна на значењето на Проектот во зајакнувањето на локалните женски организации. Од косовската страна свои обраќања имаа Љуљета Демоли од Косовскиот центар за родови студии, како и Дардан Садриу како претставник на Канцеларијата на Европската Унија во Косово.
На настанот македонските и косовските активистки се согласија дека се потребни заеднички и зајакнати напори со цел да се надмине неповолната положба на жените од двете страни на границата (Полошки и регионот на Призрен) и да се подобри третманот на родовата еднаквост од општинските власти .
Истовремено средбата беше прилика за меѓусебно запознавање и низ неформални дискусии размена на информации за специфичните разлики и можните начини на соработка.