• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Втора регионалана конференција „Достигнувања и предизвици на родово балансираните политики во Косово„

декември 06, 2016
by admin
0 Comment

На 18 ноември 2016 во Приштина Косово се одржа втората регионална конференција „Достигнувања и предизвици на родово балансираните политики во Косово„ во организација на Косовскиот центар за родови студии – Приштина.

На настанот учествуваше Македонска делегација од 15 претставнички од национални женски мрежи и локални граѓански организации предводена од Акција Здруженска.

Од македонската делегација на средбата воведно обраќање имаше Соња Хаџи Николов од Акција Здруженска, додека Марија Савовска Извршна директорка на Акција Здруженска, имаше излагање за учеството на жените во процесите на одлучување во Македонија, а Џане Крешова Претседателка на Женски Форум од Тетово во своето обраќање се осврна на предизвиците и состојбите со интеграција на родовата перспектива во политиките на локално ниво.

Регионалната конференција се организира во рамките на проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА-инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, а реализиран од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје, во партнерство со Косовскиот центар за родови студии Приштина, Институтот за развој на заедницата од Тетово и Центар за советување и поддршка на жените Дора Дорс од Призрен.

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Име на проектот: ПОТТИКНУВАЊЕ НА КУЛТУРА НА ЛОКАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА ПРЕКУ ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИ ЖЕНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ септември 15, 2023
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2022 година април 12, 2023
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ 2022 март 16, 2023
  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk