• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„

октомври 15, 2022
by admin
0 Comment

„Кога ќе се здружат жените“ е документарно видео во кое жените од Бистренци – Демир Капија, Дорфулија – Лозово, Шипковица – Тетово и Мал Папрадник – Центар Жупа, зборуваат за придобивките од теренските стратегии во поддршка на автономен, непосредуван и организиран женски глас. Видеото има за цел да ја информира пошироката јавност за ефекти од теренски пристапи за зајакнување на жени од руралните средини, реализирани во рамки на проектот „Зајакнување на локалното женско организирање“.

Теренските пристапи за зајканување на жени се во насока на обезбедување конструктивен придонес на жените во програмирањето и буџетирањето на локалните самоуправи преку зајакнување на жените за активно учество во процесите на планирање и донесување на одлуки на локално ниво и зајакнување на капацитетите на локалните женски организации за граѓанска мобилизација на жените од заедницата и застапување на нивните интереси кај локалните власти. 

Проектот  е реализирани во периодот од Јуни 2020 – Август 2022, во партнерство со локалните женски организации: Женска граѓанка иницијатива „Клеа“-Битола; Здружение „Радика Де“-Дебар; Женски Форум-Тетово и Граѓанска иницијатива на жени – Свети Николе; Здружение на произодители на органска храна „Биовита“- Кавадарци;  Здружение за родова еднаквост „ВИЗИЈА“ Кавадарци; Здружение за рурален развој „Рај“ Росоман; Здружение против дискриминација „ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ“ Ресен и Организација на жени „Женско Лоби“-Демир Капија.  

Проектот „Зајакнување на локалното женско организирање“, е спроведен од Акција Здруженска во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ


WHEN WOMEN UNITE

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk