• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Одржана тркалезната маса „Еднаквоста во одлучувањето и обезбедувањето на услуги на локално ниво: Стратегии за промени“. Жените од Полог речиси сосема исклучени од одлучувањето!

ноември 19, 2015
by Marija Zafirova
0 Comment

42 активистки, истражувачки и претставнички на локалните власти од Македонија и Косово, на тркалезната маса организирана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска, на 18 ноември во хотел Импексел 2 во Скопје, дебатираа за  клучните предизвици за жените и можните правци и стратегии на дејствување за да се подобри положбата и статусот на жените и еднаквоста на локално ниво.

Активен пристап кој ќе обезбеди учество и влијание на сите жени во секој процес на одлучување, но и одлуки проследени со ресурси кои ќе го олеснат секојдневието на жените од Полог беше клучната препорака од дискусијата.

Локалните власти мора да бидат далеку поактивни во надминување на силно изразените патријархални вредности и традиционалните улоги на жените исклучиво како мајки и домаќинки,  а кои го ограничуваат нивното учество во социјалниот политичкиот и економскиот живот.

Недостигот од основните услуги  во директна надлежност на општините, како што се вода, струја, јавен превоз, градинки, центри за лица со посебни потреби и стари и изнемоштени лица, посочени како клучни предизвици за секојдневието на жените, особено оние од руралните средини, мораат да станат приоритет на локалните политики .

„Предизвиците кои стојат пред нас како граѓански организации и институции се начините за надминување на патријархалните вредности и стереотипи кои определуваат кој и за што може или смее да одлучува вклучувајќи ги и индивидуалните животни одлуки, и, кој може да биде политички или јавен актер во заедницата. Крајно време е да ја  ја насочиме енергијата во справување со изворот на проблемите наместо кон последиците“ изјави Марија Савовска, извршната директорка на Акција Здруженска.

На тркалезната маса беа претставени резултатите од  од истражувањето „Состојба со еднаквоста во одлучувањето и промоцијата на родовата еднаквост во Полошкиот регион“,  а беа споделени и податоци за состојбата на Косово.

Косовските жени се соочуваат со слични предизвици заради што е потребно градење заеднички стратегии за промоција на еднаквоста и локална и прекугранична соработка соработка.  Според Љуљета Демоли, Директорка на Косовскиот центар за родови студии, косовските жени се соочуваат со слични предизвици, партијархални вредности и недоволно учество во одлучувањето,  ограничени  образовни и економски можности, заради што е потребна поефикасна примена на законите и политиките за унапредување на родовата еднаквост на локално ниво и поголема соработка.

Женските организации, кои ги има се помалку, се свесни за проблемите, но се  соочуваат со недостиг на ресурси и човечки и со оглед на тоа што само неколку организации треба да покријат повеќе  од  180  села во Полошкиот регион.  Ова не е причина за обесхрабрување доколку секој од локалните актери го превземе својот дел од одговорноста.  Соработката со жените на функции во локланата самоуправа,  воспоставување мулти – секторски пристап и  алтернативни начини на дејствување беа посочени како дел од решенијата, како и поддршка од  страна на локалата самоуправа, вклучувајки ја и финансиската преку вклучување мерки и активности за унапредување на родовата еднаквост кои ке ги спроведуваат граѓанските здруженија.

Тркалезната маса е реализирана во рамките на Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово. Проектот го реализира Акција Здруженска, во партнерство со Косовскиот центар за родови студии, Институтот за развој на заедницата од Тетово и Центар за советување и поддршка на жените Дора Дорс од Призрен.

 

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ ОД ТРКАЛЕЗНА МАСА 18.11.2015

KONKLUZIONE DHE REKOMANDIME NGA TRYEZA E RRUMBULLAKËT 18.11.2015










About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk