Поддржан во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида. Проектните активности се во насока на обезбедување конструктивен придонес на жените во програмирањето и буџетирањето на локалните самоуправи преку зајакнување на жените за активно учество во процесите на планирање и донесување на одлуки на локално ниво и зајакнување на капацитетите на локалните женски организации за граѓанска мобилизација на жените од заедницата и застапување на нивните интереси кај локалните власти. Проектот го реализира Акција Здруженска во период од 24 месеци (15 јуни 2020 – 15 јуни 2022) во партнерство со локалните женски организации: ЖГИ Клеа-Битола; Радика Де-Дебар; Женски Форум-Тетово и ГИЖ- Свети Николе; Здружение на произодители на органска храна „Биовита“- Кавадарци; Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА Кавадарци; Здружение за рурален развој „Рај“-Росоман; Здружение против дискриминација „ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ“-Ресен и Здружение на граѓани ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија.