Извештајот од проценката на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите кај единиците на локална самоуправа е подготвен од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје во рамките на Програмата за поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на Министерството за труд и социјална политика, како дел од една поширока анализа на фактичката состојба на спроведувањето и постојните предизвици во примената на Законот за еднакви можности на жените и мажите. Проценката се темели на емпириско и аналитичко истражувањето со цел да се одговори на потребата од независна сеопфатна анализа на третманот на законските обврски од страна на единиците на локалната самоуправа. Оттука, проценката се фокусира на спроведувањето на одредбите од ЗЕМЖМ кои се однесуваат на локалната самоуправа, вклучувајќи ја и ефикасноста на локалните институционални механизми за родова еднаквост. Врз основа на наодите од истражувањето, развиени се заклучоци и препораки кои треба да послужат како насоки за потенцијални законски измени и мерки на политиките, преку кои ќе се подобрат ефикасноста и ефектите од спроведувањето на обврските од страна на локалните власти.