На крај на месец јуни е изготвен извештај „2 години потоа: Мониторинг на примената за Законот за еднакви можности на жените и мажите„ во кој се поместени сумарните резултати од спроведениот Мониторинг на напредокот во примената на Законот за еднкви можности на жените и мажите за периодот од 01.02.2013 година, до 01.02.2014. Овој извештај одговара на потребата од континуирано прибирање и компарирање на релевантните информации за третманот на законските обврски од страна на институциите на централно и локално ниво и, врз основа на тоа, развивање препораки и функционални алатки за негово поефикасно спроведување.