Во рамките на подготвителната фаза во имплементацијата на проектот „Активни жени отчетни власти“ поддржан од Фондацијата Kvinna Till Kvinna, во текот на јуни 2018 година, тимот на Акција Здруженска ги посети локалните партнерски организации: Граѓанска Иницијатива на Жените од Свети Николе, Радика ДЕ од Дебар и ОЖ Струмица заради нивно запознавање со целите, активностите, очекуваните резултати од проектот и начините за вклучување во проектните активности.
Истовремено, беа спроведени теренски посети во Мустафино, Добрејци и Дебар, заради проценка на интересот за вклучување во проектните активности на жените од избраните локални заедница.