Демографските политики и родовата еднаквост во Република Македонија: Мерките за унапредување на еднаквоста како мерки за зголемување на наталитетот
Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ и организацијата „Реактор – Истражување во акција“ до надлежните институции, на 08.11.2012 доставија документ со предлог мерки за креирање соодветни политики за зголемување на стапката на родност.
Целта на овој документ е да се покаже дека мерките за унапредување на еднаквоста помеѓу жените и мажите не само што не се во конфликт со мерките за зголемување на наталитетот на една држава, туку напротив, постојат емпириски докази кои го потврдуваат спротивното. Кај државите во Европската унија, највисоките вкупни стапки на родност се забележани кај оние држави кои преку комбинација на конкретни мерки за реинтеграцијата на жените на пазарот на трудот нудат поголема и попристапна покриеност на јавни установи за грижа на деца и поволни услови за родителско отсуство за двајцата родители.
Оваа иницијатива на „Акција Здруженска“ и организацијата „Реактор – Истражување во акција“ беше поддржана од девет организации и две експертки кои се бават со унапредување на родовата еднаквост. (НВО Инфоцентар, Плусинфо, Алфа ТВ, Феминистик.)