• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

КАМПАЊА „ЖЕНИТЕ БУЏЕТИРААТ“

април 14, 2016
by admin
0 Comment

11 март – 06 април 2016

„Жените буџетираат“ е теренска кампања на Акција Здруженска одржана во шест градови низ Македонија, чија цел е будењето на интересот на локалните жени за јавните финансии и општинските одлучувачки процеси. Кампањата започна на 11 март во Дебар, а следеа градовите Гостивар, Тетово, Свети Николе, Битола и Куманово. Настанот во секој поединечен град  беше заеднички организиран со локалните женски организации, чии членки ги сугерираа локацијата и времето кога можат да се сретнат најголем број на жени – случајни минувачки. Најчесто овој простор беше градскиот плоштад, а настаните се одвиваа во перидот од 12 до 14 часот. Самиот настан вклучуваше еден вид на улична анкета во која тимот на Акција Здруженска, поддржан од членките на локалните организации, започнуваше разговор со локалните жени и им ги поставуваше следниве три прашања:

  1. Дали знаете колку изнесува буџетот на вашата општина за оваа година?
  2. Дали знаете за што ќе се потрошат овие пари?
  3. Дали некогаш некој Ве консултирал за Вашите приоритети?

Откако низ краткиот разговор жените успешно ќе ги идентификуваа и дефинираа своите приоритети, тие беа мотивирани истите да ги запишат на мобилниот панел на Акција Здруженска, поставен во јавен простор. Жените имаа можност да пишуваат на македонски и на албански јазик, а собраните податоци се архивирани и обработени од тимот на Акција Здруженска. Во рамки на кампањата беа анкетирани вклупно 628 жени од шест градови, а 422 од нив запишаа ги запишаа своите приоритети на панелот.

Ниту една од анкетираните жени не знаеше да одговори колку изнесува општинскиот буџет, со исклучок на мал број на жени вработени во општините. Повеќето од нив исто така не знаеја за што се трошат буџетските пари, додека тие што дадоа одговор најчесто ги посочуваа патиштата, улиците, уличното осветлување. Но многу од нив одговорија и дека општинските пари завршуваат во „приватни џебови“. Ниту една од жените не била консултирана за нејзините потреби и приоритети при планирањето на општинскиот буџет. Како приоритети за подобрување на животот на жените од локалните заедници најчесто беа посочувани следниве придобивки: изградба на повеќе детски градинки, флексибилно работно време за младите мајки, програми за вработување на жените, подобри услови во јавното здравство, бесплатни гинеколошки прегледи најмалку еднаш годишно, помош за самохраните мајки, помош за социјално загрозените семејства, како и поддршка на женското претприемништво.

Акција Здруженска ќе подготви сумарен извештај со наодите од теренската кампања, кој ќе даде јасен приказ на исклученоста на жените од општинските процеси.

Кампањата се спроведе во соработка со локалните женски организации кои се вклучени во менторската програма за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси: Женски Центар „Жена на 21 век“, ГИЖ – Свети Николе, Здружение Радика-Де – Дебар, Центар за женски права „Етика“ – Гостивар, Здружение Женски Форум – Тетово и ЖГИ „КЛЕА“ – Битола.

Кампањата е дел од активностите на проектот на Акција Здруженска „Родовата рамноправност во локалните буџети“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Општата цел на проектот е да го унапреди третманот на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво.

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk