• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

КОНКУРС ЗА РАБОТЕН АНГАЖМАН – АДМИНИСТРАТИВЕН/ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ/KA

септември 05, 2019
by admin
0 Comment

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска – Скопје објавува конкурс за работно ангажирање на определено работно време на работното место Административен/финансиски аситент/ка. Работниот ангажман е до крајот на јануари 2020 година со можност за продолжување.

Работни задачи:

  • Подготовка и архивирање на проектната и финансиската документација 
  • Подготовка на годишни и проектни буџети
  • Реализација и следење на трошоците во рамките на планираниот буџет на организацијата, партнерските организации и грантистите во согласност со барањата на донаторот и македонското законодавство
  • Подготовка на периодични и завршни финасиски извештаи 
  • Подготовка на документација за потребите на ревизијата 
  • Оезбедување административна и логистичка поддршка при организирањето на конференции, обуки и друг вид работни средби
  • Организирање патни аранжмани и сместување
  • Извршување на постапка за набавки

Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Најмалку три години работно искуство со исти или слични работни задачи
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутер
  • Возачка дозвола од „Б“ категорија
  • Најмалку IV степен на образование

Предност ќе имаат кандидатите/ките кои:

  • Имаат искуство во работа со граѓански организации
  • Имаат искуство во.спроведување на проекти финансирани од ЕУ и регрантирање
  • Имаат изградени капацитети за тимска работа, комуникациски вештини, самоиницијативност и посветеност

Рок и начин на аплицирање

Заинтересираните кадидати/ки треба да ги испратат следните документи, најдоцна до 20.09.2019 година 16:00 часот на zdruzenska@t.mk  со назнаката „Административен/финансиски асистент/ка“

  • Кратка биографија
  • Мотивационо писмо
  • Скенирана диполома или уверение за завршено образование

Кандидатите/ките кои не се во можност бараните документи да ги достават на e-mail адреса, истите можат да ги достават на адреса: ул. „Никола Тримпаре“ бр12-1/12, 1000 Скопје, најдоцна до 20.09.2019 година 16:00 часот.

Начин на избор на кандидатите/ките:

Кандидатите/ките кои ќе ги достават бараните документи и ќе влезат во потесен круг на избор ќе бидат повикани на интервју. Известување за резултатите од конкурсот, кандидатите/ките ќе добијат на e-mail најоцна до 25.09.2019 г. Избраниот/ната кандидат/ка се очекува да почне на работното место од 01.10.2019

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk