Платформата за родова еднаквост, во која членуваат 22 организации, мрежи и коалиции коишто работат на полето на унапредување на родовата еднаквост, го поздравува процесот на ревизија и можноста за придонес во измените и дополнувањата на Одлуката со која се формира Советот за соработка помеѓу Владата на РМ и граѓанскиот сектор.
Имајќи ја предвид важноста на Советот како механизам кој обезбедува можност за влијание на соработката, дијалогот и развојот на граѓанскиот сектор заради промоција, креирање и имплементација на политики за суштински напредок на планот на родовата еднаквост, Платформата за родова еднаквост го дава својот придонес во процесот на ревидирање на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на РМ и граѓанскиот сектор ( Сл. весник бр. 98, 17.05.2016).
Во документот се интегрирани клучните барања за измени и дополнувања, придружени со поконкретни образложени предлози за измени и дополнувања кои ја следат структурата и содржината на Одлуката.