Во рамки на проектот „Родова рамноправност во локалните буџети“ беше предвидено зајакнување на знаењата и вештините на претставнички на женски НВО од различни општини за следење и застапување на специфични потреби на жените во буџетскиот процес на локалната самоуправа. Целта беше исто така да се обезбедат релевантни информации за приоритетите и потребите изразени од самите жени во заедницата, а воедно и да се информира јавноста/жените од заедницата за релевантноста на родовата еднаквост во управувањето со јавните финансии.