Во рамките на кампањата “Не наседнувам!”, на 8-ми март 2009 година на повеќе
локации во Скопје беа изведени неколку акции.
Целта на овие акции е деконструирање на идејата за празникот на жената, од
ден во кој тие ја прославуваат својата еднодневна слобода од стегите на домот и
кариерата во ден во кој треба да го кренат гласот против угнетувачките и
репресивни политики кои директно ги загрозуваат нивните репродуктивни права и
правото на избор.
За таа цел на Улица Македонија, Плоштад Македонија, трговскиот центар Рамстор
и цветниот пазар се делеа картички и долнa облека со некои од главните пораки на
оваа кампања, а на надвозникот на булевар Гоце Делчев (пред стоковна куќа Мост)
беше поставувено големо платно со испишана порака “Абортирај го шовинизмот”.
Финалето беше закажано за вечерта во 20 ч. во мезе-барот Сопотско, каде што
во рамките на “Не наседнувам! – 8-мо мартовската фешта”, свои пригодни ди-џеј
сетови имаа Соња Исмаил и Ивана Драгшиќ, гостите беа послужени со пригодни
закуски направени специјално за оваа прилика од тимот “Сиебалевекот”, а им беа
поделени и подароци на присутните.
http://www.nenasednuvam.org/