Акција Здруженска го најавува почетокот на кампањата за одбележување на МЕСЕЦ на правата на македонските жени, наместо 8 март како ДЕН кога ова прашање привлекува некакво внимание во јавноста.
Неправдата и дискриминацијата врз жените не се случува само еден ден ! е клучната порака на оваа кампања.
Целта на кампањата е да ја „просветли“ јавноста за последиците од сеприсутниот, длабоко вкоренет патријархат, ограничените избори, безгласноста и невидливоста на жените, родово слепите политики и политичките гести во вид на хартиени права за кои не се издвојуваат ресурси. Тие се тука повеќе од еден ден, постојано и мора да престанат.
На конференцијата за медиуми ќе биде преставен и дистрибуиран дел од материјалите од кампањата.
Кампањата е дел од активностите на проектот Отчетен институционален одговор-претпоставка за родова еднаквост во РМ, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија.