Во оваа програмска област беа реализирани и активностите во рамките на кампањата 16 денови на активизмот против насилството врз жените која секоја година од 1991 година се одвива во најголем број земји од светот. Носители на кампањата беа партнерските организации и владини институции вклучени во проектот Воспоставување позитивни практики за справување со семејното насилство во Македонија.
Во рамките на кампањата беа реализирани тркалезни маси во Скопје и 7 градови низ Македонија, со учество на претставници од институциите со законски мандат да постапуваат во случаи на семејното насилство и НВО кои делуваат во областа.
На овие средби, кои беа фокусирани на институционалниот третман на семејното насилство беа презентирани изработените процедури и протоколи. Учесниците на тркалезните маси ја поздравија иницијативата, укажувајќи на големата потреба од унифицирање и допрезизирање на постапката и едукација за нивна примена од причина што и самите се соочуваат со проблеми во примената на законските решенија. Воедно укажаа на потребата од соработка и координација, заради комплексноста на проблемот на семејното насилство. Во текот на дискусиите по постапките тие дадоа голем број предлози и сугестии кои ќе бидат земени предвид во процесот на нивна доработка.