• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Одржана работилница за изработка за извештаи од следење во рамки на проектот „Родова рамноправност во локалните буџети“

мај 30, 2016
by admin
0 Comment

Вкупно 9 женски активистки и истражувачки, претставнички на женски организации од пет македонски општини (Битола, Гостивар, Тетово, Дебар, Свети Николе) вклучени во проектот „Родова рамноправност во локалните буџети“, беа дел од тридневната работилница организирана од Акција Здруженска за проценка на прибраните материјали и финализирање на извештаите од следењето на работата на општините во процесот на подготовка и усвојување на програмите и буџетот за 2016 година. Работилницата се одржа од 12-15.05.2016  во Хотел Тино – Свети Стефан во Охрид и беше под целосно менторство на тимот на Акција Здруженска, кој ги водеше одделните групи низ целиот процес на прибирањето на податоците и изработка на извештајот и даваше редовен фидбек.

Учесничките на работилницата во своите извештаи имаа задача да дадат конкретни препораки до локалните власти за третманот на прашањето кое го следеа како и генерално кон подобрување на третманот на прашањата врзани со промоцијата на родовата еднаквост, базирани на клучни наоди и заклучоци од следењето на процесите на годишното планирање на општинате. Речиси во сите општини, најчестата препорака беше да се почитува динамиката предвидена во буџетскиот календар и да се промовира поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации во процесите на планирање и подготовка на програмите и буџетот.

Оваа работилница следи по реализираната менторска програма „Родот во буџетското планирање“ и неколкукратни консултативни средби на тимот на Акција Здруженска со мониторинг тимовите. Работилницата е одржана во рамки на проектот „Родова рамноправност во локалните буџети“ поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk