• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Одржана регионална конференција „Промовирање на вредностите на родовата еднаквост: Граѓанско општество за општествени промени„

септември 30, 2016
by admin
0 Comment

На иста маса 58 активстки, претставници на клучните меѓународни актери, локални и национални институции на конференцијата организирана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска, на 28 септември 2016 во Скопје го отворија прашањето за состојбите со родовата еднаквост и положбата на жената во нашето општество и ги преиспитаа потенцијалите на тековните политики со цел изнаоѓање можни стратегии кои треба да ги имплементира граѓанското општество за постигнување на реални промени во поглед на остварување на родовата еднаквост.

 

Во рамките на првиот панел „Ефективност на политиката за родова еднаквост – Каде сме сега?“– свои излагања имаа претставнички на три генерации феминистки од Македонија и една претставничка од Косово. Фокусот беше на перспективите на граѓанското општество за потенцијалите на тековните политики за постигнување на промени кои се однесуваат на зајакнување на жените, пристап до моќ, ресурси и услуги и јавен дискурс (норми и вредности). Се дискутираше за клучните контекстуални предизвици и можните стратегии за трансформација кои треба да ги имплементитра граѓанското општество.  

Во делот на вториот панел „Заложби за родовата еднаквост – локална, национална и регионална перспектива“ – свои обраќања имаа претставнички на UN WOMEN, EU Delegation, NALAS и  резидентниот советник на твининг проектот на ЕУ „Поддршка за имплементација на родовата еднаквост“. Се расправаше за најновите случувања, политики и заложби на клучните меѓународни актери на полето на родовата еднаквост на глобално и регионално ниво. Беа презентирани информации и видувања за нивните идни политички приоритети, ресурси и стратешки можности за соработка со граѓанското општество во Република Македонија.

Последниот панел „Гласот на локалните жени“- обезбеди простор за локалните организации и локалните жени од Македонија и Косово да ги дискутираат прашањата врзани со нивните заеднички приоритети, стратегиите за социјално поврзување и можностите за соработка, вклучувајќи и прекугранично вмрежување.

 

Од конференцијата произлегоа идните насоки на дејствување за промовирање на родовата еднаквост како вредност, а не како бирократска обврска при што беа понудени конкретни решенија за тоа како ние како граѓански сектор кои во фокус ги имаме правата на жените да се позиционираме во однос на поширокиот политички, економски и социјален контекст како и во однос на клучните предизвици со кои се соочуваме.
Регионалната конференција беше реализирана во рамки на Проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово. Проектот го реализира Акција Здруженска, во партнерство со Косовскиот центар за родови студии, Институтот за развој на заедницата од Тетово и Центар за советување и поддршка на жените Дора Дорс од Призрен.

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021
  • ПРОЕКТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 3“ јули 9, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk