• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Одржани шест средби за промоција на резултатите од буџетскиот мониторинг

јули 20, 2016
by admin
0 Comment

Акција Здруженска во партнерство со локални женски организации од шест македонски општини, во периодот јуни 2015 – јануари 2016 спроведе мониторинг на клучните фази на локалниот циклус на подготовка и усвојување на годишните програми и буџетот низ призма на родот и родово одговорното буџетирање. Со мониторингот беа опфатени општините Битола, Свети Николе, Куманово, Тетово, Гостивар и Дебар. По завршувањето на мониторингот и подготвувањето на сумарните извештаи, во периодот јуни-јули 2016 во секоја од општините вклучени во мониторингот организирани се средби за промоција на резултатите од буџетскиот мониторинг со наслов „Кон родово одговорно буџетирање“ со цел да се презентираат наодите од едногодишниот мониторинг пред претставници на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор на локално ниво.

Ha средбите учествуваа претставници од различни структури на единиците на локалната самоуправа: координатори за еданкви можности  на жените и мажите, членови на комисиите за еднакви можности на жените и мажите, претставници на релевантни сектори/одделенија од администрацијата, претставници на советот на општината, како и преставници на граѓанските организации активни на полето на унапредување на родовата еднаквост и правата на жените. Секоја од средбите беше организирана во партнерство со локалните женски организации кои беа вклучени во проектот: Радика-Де (Дебар), Женски Форум (Тетово), Етика (Гостивар), Клеа (Битола), Женски Центар „Жена на 21 век“ (Куманово) и ГИЗ Жени (Свети Николе).

Општ заклучок од одржаните средби е дека учесниците ги прифатија наодите од мониторинг извештаите и во секоја од општините претставниците на локалнта самоуправа се обидоа да дадат повратна информација за предметот на мониторингот. Недостигот од финансиски средства беше посочен како еден од клучните проблеми со кои се среќава локалната самоуправа при реализацијата на предвидените активности поврзани со родовата рамноправност. Некои од претставниците на локалната самоуправа истакнаа дека се свесни за проблемите со кои се среќаваат локалните жени. Заклучено беше исто така дека има уште простор за поактивен пристап од страна на општината и дека во иднина ќе треба поефективно да се користат капацитетите на граѓанските организации за надминување на состојбата.

Мониторингот беше спроведен во рамки на проектот на Акција Здруженска „Родовата рамноправност во локалните буџети“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Општа цел на проектот е унапредувањето на третманот на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво преку зајакнување на капацитетите и поддршка на локалните НВО за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси.

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021
  • ПРОЕКТ „АКТИВНИ ЖЕНИ ОТЧЕТНИ ВЛАСТИ 3“ јули 9, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk