• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Организирани 5 локални дебати „Кон родово инклузивни локални буџети“ во општините Кавадарци, Струмица, Радовиш, Центар и Карпош

април 12, 2018
by admin
0 Comment

100тина претставници/чки на општинската администрација и советите, вклучувајќи ги и жените од заедницата од пет македонски општини, присуствуваа на петте локални дебати „Кон родово инклузивни локални буџети“, кои се одржаа во текот на месец март 2018 во општините Кавадарци, Струмица, Радовиш, Карпош и Центар.

Предмет на дискусија на овие дебати беа поединечните резултати и препораки од спроведениот мониторинг на процесот на планирање и донесување одлуки за општинскиот буџет за 2018 година, во поглед на третманот на родовата еднаквост, мерките за унапредување на економскиот статус на жените и пристапот до социјални услуги. Истовремно, се дискутираше и за начините на кои можат да се унапредат овие процеси со локалните власти да бидат транспарнтни, инклузивни и отчетни кон жените од локалната заедница.

Претставниците на локалните самоуправи се согласија со клучните заклучоци од мониторингот кои укажуваат на потребата од вложување дополнителни напори да се унапредат мерките за тие да бидат во корист на жените вклучувајќи ги и маргинализираните групи на жени, да се работи на поголемо вклучување на жените заради идентификација на приоритетните проблеми, да се прибирааат родово релевантни податоци како основа за планирање на сите секторски програми и буџетот, како и да се подобри внатрешната координација и мерењето на ефектите од програмите и мерките. Воедно, беше истакната потребата од поставување на прашањето на еднаквоста на жените и мажите во рамки на дебатата на советите во општините.

Локалните настани се организирани од  Акција Здруженска во соработка со локалните организации Организација на Жени-Струмица; ОЖ Визија-Кавадарци; Женска Акција-Радовиш и Една Може-Скопје кои во периодот јуни 2017-јануари 2018 спроведоа мониторинг на клучните фази на локалниот циклус на подготовка и усвојување на годишните програми и буџетот за 2018 година, преку учество во стандардизиран модел на зајакнување на организациите спроведен од Акција Здруженска кој подразбира активен ангажман во идентификација, следење и застапување на приоритетните потреби на жените од локалната заедница кај локалните власти.

Овие средби се дел од активностите на проектот на Акција Здруженска „Застапување на родово инклузивни буџети“, поддржан од Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска. Општата цел на проектот е да го унапреди третманот на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво преку зајакнување на капацитетите и поддршка на локалните женски невладини организации за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси.

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 2“ за 2020 година јули 12, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk