Повик за грант

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје во рамките на Проектот: „Жените го преземаат водството во локалните заедници“ финансиран од Делегацијата на Европаската Унија, а ко-финансиран од Шведска и спроведуван во партнерство со Фондацијата Kvinna till Kvinna и Хуманитарно Здружение „Мајка“ Куманово, објавува 

ПОВИК

 за финансиска поддршка на граѓански организации од Источен и Пелагониски плански регион

Во рамките на повикот е обезбеден фонд од 25 000 евра од кој ќе бидат доделени 2 гранта во максимален износ до 15 000 евра финансиска поддршка за спроведување на локални акции за зајакнување на влијанието на жените врз планирањето на политиките и процесот на донесувањето одлуки на локално и национално ниво.  

Финансиската поддршка се доделува за 18 месеци и ќе се однесува на периодот јануари 2025-јуни 2026

Право на учество на повикот за доделување финансиска поддршка имаат организации кои:

• се регистрирани најмалку две години според законот за здруженија на граѓани и фондации со седиште во Источен и Пелагониски плански регион;

• во раководните органи и во персоналот вклучуваат предоминантно жени и чие членство и ангажирани лица во спроведување на активности на организацијата се состои предоминантно од жени; 

• мисијата и целите на организацијата се насочени кон унапредување на правата и положбата на жените и на родовата еднаквост; 

• демонстрирале претходна историја на активности за застапување со вклучување на жените од заедницата на локално ниво;

• во ангажираниот персонал не вклучуваат раководни лица од локални институции, лица кои се во управувачки органи и тела на политички партии или лица за кои е утврден конфликт на интереси.

Краен рок за пријавување: 10 декември 2024 година 

Целосниот опис на повикот и потребните формулари за аплицирање може да ги најдете на следните линкови:

Доколку имате прашања или ви се потребни дополнителни информации за повикот, испратете порака по е-пошта на zdruzenska@t-home.mk.