• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Повик за експерт/ка за подготовка на прирачник за политиките на ЕУ за родова еднаквост

декември 23, 2015
by Marija Zafirova
0 Comment

Вовед
Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје бара заинтересирани експерти/ки за подготовка на прирачник за политиките на ЕУ за родова еднаквост во рамките на проектот „Меѓугранична еднаквост и родова интеграција“, поддржан од ЕУ во рамките на ИПА инструментот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово.
Целта на проектот е воспоставување прекугранична мрежа на женски организации активни на планот на родовата интеграција на локално и регионално ниво преку: Зајакнување на локалните организации за унапредување на примената на пристапот на интеграција на родовата еднаквост; Зголемување на организациските капацитети на локалните женски организации во регионот во кој се спроведува проектот; Техничка поддршка на нивната мониторинг улога; и Подобрено медиумско покривање на теми поврзани со жените на локално и национално ниво.
Проектот се спроведува од Акција Здруженска-Скопје и Косовски центар за родови студии-Приштина во партнерство со Институтот за развој на заедницата-Тетово и Центарот за советување и поддршка на жените Дора Дорес-Призрен, а се реализира во регионот кој ги опфаќа општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце (Македонија) и Призрен, Сухарека, Малишева, Драгаш, Раховец и Мамуша (Косово).
Опис на работните задачи
Основната цел на ангажманот е да се подготови прирачник кој е во функција на зајакнувањето на граѓанските здруженија од Македонија и Косово за примена на пристапот на интеграција на родовата еднаквост. Специфичната намена на прирачникот е да послужи како универзална, практична алатка за граѓанските здруженија со цел да им помогне во застапувањето на родовата еднаквост во рамките на процесот на пристапување во ЕУ.
Прирачникот е планиран како ресурс релевантен за граѓанските здруженија од двете страни на границата, кој треба да им овозможи стратешка визија и нивно позиционирање во евроинтегративниот процес и негово искористување за унапредување на присуството и третманот на прашањата на правата на жените и родовата еднаквост на политичката агенда.
Прирачникот треба да биде подготвен на начин кој ќе обезбеди едноставна примена во смисла на основно разбирање и клучни информации за нивната улога, насоки за контекстите и начинот на кој можат да ги застапуваат прашањата на родовата еднаквост во процесот на пристапување, имајќи ги предвид принципите, политиките и стратешките пристапи на Европската Унија во промовирањето на родовата еднаквост.
Особено внимание при подготовката на содржината треба да му се посвети на процесот на известување за напредокот на државата во пристапувањето кон ЕУ, како и на подготовката на насоките кои треба да бидат практични и едноставни за примена, за тоа кои се најефективните начини на кои граѓанските организации можат да придонесат со информации за напредокот по области, а кои се релеватни за унапредување на човековите права на жените и родовата еднаквост.

Прирачникот треба да вклучи визуелно прегледни, едноставни, лесно разбирливи и применливи содржини кои ги опфаќаат следниве прашања:
1. Легислатива и политики на ЕУ за родова еднаквост
2. Стратешки пристап на ЕУ во унапредувањето на родовата еднаквост (двоен пристап)
3. Процес на следење и известување за напредокот на земјите кандидатки
4. Улогата и учеството на граѓанските организации во процесот на следење и известување за напредокот во унапредувањето на родовата еднаквост
5. Практични насоки за застапување (клучни поглавја и специфични родово релевантни прашања кои се предмет на следење, третман на прашањата, учество во консултации, подготовка на документи како придонес и сл.)
Содржината на финалната верзија на прирачникот е ограничена на максимум 60 страници.
Тип на договор и надоместок
Со избраниот експерт/ка ќе биде потпишан индивидуален договор за ангажман кој се заснова на глобална цена за испорачана услуга: Подготвен прирачник за политиките на ЕУ за родова еднаквост на англиски јазик. Услугата вклучува и презентација на содржината на прирачникот на еднодневен настан организиран од Нарачателот.
Краен рок за испорака на услугата е 15 февруари 2016 година.
Надоместокот за испорачана услуга е 2.000 евра бруто во денарска противвредност. Износот ги вклучува сите трошоци поврзани со ангажманот.
Потребни квалификации
Пријавените треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:
• Завршено високо образование;
• Познавање на легислативата и политиките на ЕУ за родовата еднаквост;
• Познавање на процесот на следење и известување за напредокот на земји кандидатки за пристапување во ЕУ ;
• Претходно искуство во подготовка на исти или слични продукти ќе се смета за предност.
Потребна документација
Понудата треба да го содржи следново:
• Детална биографија (CV)
• Писмо за интерес со референци за претходни слични ангажмани.
Критериум за избор:
• Екпертиза од областа на политиките на ЕУ за родовата еднаквост (80 поени)
• Претходно искуство во подготовка на слични продукти (20 поени)
Рок за пријавување
Понудите треба да се достават најдоцна до 29-ти декември 2015 година по електронска пошта на: zdruzenska@t.mk

 

Повик за експерти за Прирачник

About the Author
Сподели со пријателите

Пoследни новости

  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk