Во текот на септември 2018 година се одржа првата серија едукативни работилници во рамки на Едукативната програма за зајакнување на жените во заедницата во Добрејци, Мустафино и Дебар на кои учествуваа вкупо 38 жени.
Целта на работилниците е да се зголеми знаењето на жените за клучните компетенции и одговорности на локалната самоуправа и поттикнување на женското граѓанско учество.
Истовремено на работилниците на учесничките им се презентирани резултатите од испитувањето на жените од нивните заедници кои укажуваат на: низок степен на знаење и интерес на жените за општинскиот буџет; неинформираноста на жените за работата на локалните власти, како и комплетно отсуство на жените од процесите на донесување на одлуки на локално ниво.
Едукативната програма за зајакнување на жените во заедницата се реализира во рамки на проектот „Активни жени отчетни власти“ кој е финансиски поддржан од Фондацијата Kvinna Till Kvinna.