• mk  Macedonian
    • en English
facebook
  • Почетна
  • За нас
    • Мисија
    • Портфолио
    • Членство во мрежи
    • Едукација
    • Извештаи
  • Активности
    • Актуелно
    • Архива
  • Тековни проекти
  • Публикации
  • Активизам
    • Кампањи
    • Петиции и реакции
    • Здруженски весник
    • Видео
  • Контакт

Расте смртноста на родилки и доенчиња во Македонија

ноември 05, 2015
by Marija Zafirova
0 Comment

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска, како полноправна членка на Платформата за родова еднаквост учествуваше на прес конференцијата одржана во Скопје на 4-ти ноември на која беа презентирани наодите од анализата која ја утврдува моменталната состојба и причините за зголемената смртност на родилките и новороденчињата.

 

Стапката на перинатална смртност во Македонија е во пораст од 2010 година, а во 2014 е 14.3 и е речиси тројно повисока од европскиот просек кој изнесува 5.2. За споредба, стапката на перинатална смртност во Србијае 8.9, во Хрватска 5.7, во Бугарија 11, а во Турција 10.2. Смртност на доенчињата исто така расте и ако во 2010 година била 7.6, во 2014 достигнува 9.9.Во Македонија, зголемени стапки на смртност се забележуваат во Дојран (30.3), Берово (22.3), Гевгелија (18.8), Крушево (18.5). Дополнително загрижувачки е податокот дека од 2011 година стапката на матернална смртност исто така се зголемува. Како резултат на досега регистрираните случаи на смрт на родилки, овој тренд се очекува да продолжи и во 2015 година. – изјави Марија Башевска од Реактор

 

Едни од главните причини за зголемената смртност се недоволните буџетските средства за превентивна здравствена заштита на мајките и децата кои од година во година се намалуваат и пренаменуваат за други цели, како и недостатокот на матични гинеколози и гинеколошки установи, особено во општините со највисока стапка на смртност во државата.

 

Од Платформата укажуваат дека условите се особено лоши во помалите општини каде се уште нема матичен гинеколог. Жените од помалите места и руралните подрачја, како резултат на недостатокот на гинеколози и нефункционалните породилишта, немаат пристап до примарна здравствена заштита во антенаталниот и периодот по породувањето. Дополнителен проблем е и незаконска наплата кај матичните гинеколози, како и трошоците за партиципација кои се на товар на жените.

 

Проблемот на незаконските наплати не може да се реши само со репресивни и казнени мерки коишто во изминатиот период ги применуваше ФЗО. Овие мерки само ги одвраќаат гинеколозите и не се покажаа како успешни. За да се унапреди здравјето на бремените жени потребно е да се елиминираат трошоците за секоја жена во текот на бременоста во јавното здравство, како и целосно да се укинат трошоците за партиципација коишто жените ги плаќаат. – изјави Елизабета Божиноска од ХЕРА.

 

Савка Тодоровска од Националниот совет за родова рамноправност истакна дека е неопходно да се зголемат буџетските вложувања за подобрување на пристапот и квалитетот на услугите во јавните гинеколошки здравствени установи, како и зголемување на буџетските средства и активностите на Програмите за активна здравствена заштита на мајките и децата, а ФЗО да изнајде трајно решение за проблемот со незаконска наплата на услугите во ординациите на матичните гинеколози и веднаш да отпочне со ко-финансирање на породувања во приватни здравствени установи.

 

Платформата за родова еднаквост бара новата Стратегија за безбедно мајчинство да се базира на релевантни истражувања и докази и во себе да содржи мерки и цели согласно наодите од терен,а нејзиното спроведување континуирано да се мониторира и евалуира.

Анализа за смртност на доенчиња и родлики

About the Author
Сподели со пријателите

Leave a Reply Откажи одговор

*
*

captcha *

Пoследни новости

  • Дел од Женскиот кружок на гости кај Амбасадорката на Кралството Шведска Ami Larsson Jain февруари 16, 2023
  • ДОКУМЕНТАРНО ВИДЕО „КОГА ЌЕ СЕ ЗДРУЖАТ ЖЕНИТЕ„ октомври 15, 2022
  • Серијал „Градење на автентичен локален женски активизам„ април 26, 2022
  • Ревизорски извештај за проектот „Активни жени отчетни власти 3“ за 2021 година февруари 21, 2022
  • ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИ ЗА ГРАДЕЊЕ РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА ОПШТЕСТВЕНА, ПОСТ-КОВИД РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЗАКРЕПНУВАЊЕ декември 29, 2021

Мудра мисла

  • Јас сум феминистка. Веќе долго време сум жена, би било глупаво да не сум на своја страна.
    Маја Анџело
  • Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
    Черис Крамерае
  • Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
    Меј Сартон
  • Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорно без твоја согласност.
    Елеонор Рузвелт
  • Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
    Маргарет Тачер

Категории

2005 2006 Aрхива и вести Активизам Активности Актуелно Архива Вести Видео Глобален пристап За нас Здруженски весник Извештаи Информациски иницијативи Кампањи Колумни Насилство врз жената Петиции и реакции Проекти Публикации Родова интеграција ФЕМ блог ФОРУМ-ТЕМИ Фотогалерија програми за обука
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска - Скопје

Ул. Никола Тримпаре 12-1/12, Скопје, Р. Македонија
Тел/ Факс : +389 71 245 384; +389 2 3215660
e-mail: zdruzenska@t-home.mk